Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се случил вчера, на 06.02.2026 година.
Од „Хачико“ изразуваат жалење за немилиот случај, кој според неофицијалните информации се случил на тешко пристапен терен и во неповолни временски услови.
Според првичните сознанија, станува збор за кучиња кои биле одгледувани од страна на месното население, а не за кучиња згрижени или третирани од прифатилиштето.
Од „Хачико“ порачуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите дополнителни детали штом истите ќе бидат официјално потврдени.
Извор: zurnal.mk


