Грција: Пратениците кои ја напуштија главната опозициска партија формираа нова парламентарна група

December 5, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Единаесет пратеници во грчкиот Парламент, кои минатиот месец ја напуштија главната опозициска партија Сириза, го објавија формирањето нова пратеничка група, пренесува Анадолу.

Лидерот на групата Нова левица, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис, рече дека сакаат „нова, модерна, европска левица, сигурна, борбена, визионерска левица, широка и отворена левица што говори искрено и јасно“, наведува државната новинска агенција АМНА.

Тврдејќи дека грчката политичка сцена преживува голема криза, која се манифестира преку поделбите во нивната поранешна партија Сириза, тој рече дека постои потреба да се изнесе здрав, амбициозен план што ќе даде одговори на главните прашања на денешницата, како што се: климатската криза, социјалната нееднаквост и севкупниот квалитет на демократијата во 21 век.

„Новата левица ќе води голема битка на европските избори во јуни 2024 година со прогресивни идеи што ќе бидат преточени во дела“, нагласи Чарицис.

Пратениците го обвинија лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис, дека партијата ја води „недемократски“.

Меѓу пратениците кои поднесоа оставка во партијата се поранешната министерка за труд Ефи Ахциоглу, поранешната заменик-министерка за надворешни работи Сиа Анагностопулу, поранешниот заменик-министер за труд Насос Илиопулос, поранешниот портпарол на Владата, Димитрис Цанакопулос, една од основачите на партијата Меропи Цуфи, поранешниот заменик- министер за социјална солидарност Теано Фотиу, поранешниот министер за внатрешни работи Алексис Чарицис и пратениците Озгур Ферхат и Хусеин Зејбек, кои го претставуваат турското малцинство во Западна Тракија.

Подоцна им се придружи и поранешниот министер за финансии Евклид Цакалотос, додека поранешната членка на централниот комитет на партијата Пети Перка ја напушти партијата пред нив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“

Следно

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop