Граѓаните на Северна Македонија се рекордери во пушење цигари, најмладиот пушач има 13 години

October 27, 2024
3 mins read

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти кои успешно се обиделе и се откажале од пушење во последните години.

-Во советувалиштата за откажување од пушење, кои функционираат во рамките на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението – потенцираат од Институтот.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапени ризик-фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања може да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

-И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал, нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Северна Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали – додаваат од ИЈЗ.

Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од приспособување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај – Светски ден против употреба на тутун.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години.

Најновото истражување на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

-Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ.

Младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD – European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS – Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.

-Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони – додаваат од ИЈЗ.

-Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг-платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи – појаснуваат од Институтот.

Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.

-Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот – наведуваат од ИЈЗ.

Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

Следно

Државјанка на Северна Ирска починала во дом во Битола

Latest from Blog

Четири лица повредени во експлозија на противвоздушна граната во воен центар во Јужна Кореја

Четири лица се повредени откако противвоздушна граната експлодираше во воен тренинг центар во Паџу, во близина на меѓукорејската граница, објавија денес јужнокорејските воени претставници. Експлозијата се случила утрово за време на вежба

Ова се трите причини зошто не добивате резултати на вашиот тренинг: Еве како да ги надминете

Повеќето луѓе кои редовно тренираат порано или подоцна достигнуваат плато. Без разлика дали не можете да ослабете или вашите тежини не се движат, платото е нормален дел од процесот на тренинг. Иако

Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски ја поддржува примената на „Безбеден град“ и поддржува проширување на проектот  на целата територија на земјата. -Некои велат „тоа ќе донесе критика за Владата, ќе донесе силен политички удар“,

Костовски: Започнаа градежните работи за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци

Градежните активности за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци напредуваат со одлична динамика, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој заедно со општинскиот тим денес изврши увид на терен,

Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

ФОТО: Paris Saint-Germain/X Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дие е најдобриот млад играч под 21 години. Со тоа напаѓачот на европскиот шампион ја доби и наградата “Голден бој“ во манифестацијата која се
Go toTop