Ѓорѓиевски со благодарност за брзата разрешница за подметнатиот пожар: На опожарени места во Кисела Вода НЕМА ДА ИМА ГРАДЕЊЕ!

September 7, 2024
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски изрази благодарност од МВР и министерот Панче Тошковски за брзата, професионална и експедитивна разрешница на случајот со подметнатиот пожар во Расадник, Кисела Вода.

– За жал, нечија детска игра може да донесе сериозни последици, како што беше случај кај нас пред 3 дена. Имено, се работи за тројца малолетници кои на територијата на Расадник, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева.  Пожарот брзо се рашири и изгореа над три хектари површина!  Против 14 годишниот поднесена е кривична пријава за ,,предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик. Благодарение на противпожарните екипи и брзата реакција, за што сакам и нив да им изразам длабока почит, МВР, населението и службите на општината спречивме катастрофални последици со кои можеше да биде трагично по животот на мојот народ, како и нивниот имот, истакнува Ѓорѓиевски.

Апелираше и до родителите да внимаваат на своите деца, особено во вакви периоди на пожари. Детската игра може да биде фатална.

-Сите ние сме родители и сите сакаме најдобро за нашите дечиња, затоа треба и така да се однесуваме.А сега, откако се крена маглата кои некои сакаа да ја наметнат, особено оние кои планира 99 згради во Расадник според ДУП-от кој јас го поништив, уште еднаш сакам да потенцирам дека на опожарени места во Кисела Вода – НЕМА ДА ИМА ГРАДЕЊЕ! Уште еднаш, благодарам и поклон до земја за МВР, ЦУК, Противпожарната бригада и мојот храбар народ, нагласи Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград денеска „Парада на гордоста“ со слоганот „Гордоста е народот“

Следно

Во Србија кашкавалот е 350, кај нас едвај се наоѓа за 450 денари – Владата сè уште анализира дали храната во земјава е скапа

Latest from Blog

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop