Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде наша гордост, но и огледало за цела наша држава

October 4, 2025
1 min read

Со сигурност можам да кажам дека во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи како никогаш до сега. Ви благодарам за вашата поддршка, вашата посветеност, Скопје да го направиме градот кој повторно ќе биде нашата гордост, истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од народниот собир во Ѓорче Петров.

-Вечерва сум тука пред вас не само да ви ја побарам поддршката, туку и да ви го дадам мојот збор дека по изборите секој еден од вас, кој сега е мојот глас до граѓаните, ќе оди гордо по ѓорчевските улици. Со крената глава ќе можете да го погледнете секој еден ваш сосед, роднина, пријател и ќе имате силен аргумент дека не сте барале поддршка само за политичари кои ветуваат туку за политичари кои ќе работат. Јас сум човек кој исполнува даден збор, посветено работи за своите граѓани, за својот град и општина. Знам дека заедно можеме да ја поведеме оваа наша битка, битка за нашето Скопје и таа битка ја почнуваме токму од овде денес  од Ѓорче Петров, истакна Ѓорѓиевски.

Порача дека Скопје повеќе нема време за изговори.

-Скопје нема повеќе време за експерименти, на Скопје му треба докажана работа. На Скопје ќе треба да го дадеме својот максимум, со љубов и да гледаме на предизвиците како на решенија во перспектива. Можеме заеднички да изградиме град кој што ќе биде наша гордост, но и огледало за цела наша држава, истакна тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денков од „Промените продолжуваат“: Поплавите се резултат на непочитување на правилата – каде и како да се гради

Следно

Баерн без проблеми кај Франкфурт за “шест од шест“!

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop