Ѓорѓиевски – Николоски: Скопје го развиваме заедно!

November 10, 2025
1 min read

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. На состанокот, кој се одржа во просториите на Град Скопје, се разговараше за клучните инфраструктурни и транспортни проекти што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани.

Главни теми на разговор беа подобрувањето на јавниот транспорт преку реализација на проектот „Градски воз“, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на сообраќајната инфраструктура во главниот град.

Министерот Николоски ја потенцираше заложбата на Владата за инвестиции во капитални проекти кои ќе овозможат современ и функционален урбан развој. Како што беше истакнато, изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз е во завршна фаза на подготовка, по што ќе следува планирање на линиите кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци.

„Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем кој ќе донесе ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за сите жители,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градот веќе е во координација со Владата на Република Македонија за набавка на нови, еколошки автобуси, кои ќе го унапредат јавниот превоз и ќе придонесат кон почиста животна средина.

Во својата изјава, Ѓорѓиевски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и Владата за нивната поддршка и визија во насока на развој на главниот град.

„Скопје ќе го развиваме заедно — со работа, посветеност и јасна цел да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро,“ порача градоначалникот.

🫵 Скопје го развиваме заедно!

📌 Денес, во просториите на Град Скопје, остваривме конструктивна средба со…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Monday 10 November 2025

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓорѓиевски и Николоски: Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Следно

Совети за безбедно користење Чет-ГПТ и за заштита на личните податоци

Latest from Blog

Совети за безбедно користење Чет-ГПТ и за заштита на личните податоци

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“.

Ѓорѓиевски и Николоски: Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во просториите на Градот. На средбата беа разгледани заедничките проекти кои ќе донесат

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Како што објавува „TMZ“, тој предизвикал сериозен проблем со раководството на затворот  „Форт Дикс“ кога бил фатен како консумира „домашен алкохолен пијалок“. Според дополнителни извори, рецептот за истиот „домашен алкохол“ е направен од
Go toTop