Голема акција и претреси во Германија во врска со шверц на луѓе преку балканската маршрута

March 15, 2023
1 min read

Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале, а уште 12 лица се под истрага. Според извештаите, групата е осомничена дека во Германија префрлила најмалку 90 луѓе, главно од Турција и Ирак, од кои секој платил по неколку илјади евра

Германската полиција денеска наутро извршила повеќе претреси против група осомничена за шверц на луѓе, јавува германската новинска агенција ДПА.

Припадници на германската полиција (илустративна фотографија)/Фото: EPA-EFE/SDMG/KOHLS

Во акцијата учествувале околу 400 полицајци, меѓу кои и припадници на федералната полиција и специјалните единици ГСГ 9. Биле извршени претреси во повеќе од 20 стана и канцеларии, главно во Берлин, но и во источната покраина Саксонија-Анхалт.

Како што се соопштува, уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале, а уште 12 лица се под истрага, јавува агенцијата, а пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

Според извештаите, групата е осомничена дека во Германија префрлила најмалку 90 луѓе, главно од Турција и Ирак, од кои секој платил по неколку илјади евра.

Луѓето, како што се наведува, со авион биле префрлени во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од каде што продолжувале со патувањето со автомобил по т.н. балканска маршрута.

Дел од нив биле откриени во становите во полицијата денеска наутро извршила претреси.

Што се однесува до осомничените, според полицијата, тие имале претежно турско и германско државјанство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Фото) Вандализам во Градски парк: Искршени се дрвени клупи и споменици

Следно

Единаесет загинати и над 3500 повредени на фестивал на огнот во Иран

Latest from Blog

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот
Go toTop