Главниот обвинител на МКС, Кан: Повеќе докази се собрани во последните 18 месеци отколку во претходните 20 години

December 2, 2024
1 min read

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, изјави дека во последните 18 месеци судот собрал повеќе докази и информации отколку во 20 години од неговото формирање, јавува Анадолу.

Говорејќи на 23. состанок на државите потписнички на Римскиот статут на МКС, Кан рече дека судот во последно време работи поинтензивно.

„Најмногу докази и документи во историјата на МКС пристигнаа до обвинителството во последните 12 месеци. Во последните 18 месеци се собрани повеќе докази отколку во претходните 20 години. Невладините организации и погодените доставија многу документи и докази во рамките на член 15 од Римскиот статут“, рече Кан.

Нагласувајќи дека работниот капацитет и брзината на судот се зголемени во последните години, Кан рече дека 18 од 30 сегашни налози за апсење се издадени во последните три години.

Истакнувајќи дека во последно време добиле многу истражни барања од земјите членки на МКС, Кан рече дека последното барање дошло минатата недела за злосторства врз жените во Авганистан.

„Законот треба да важи подеднакво за сите, заштитата што ја уживаат луѓето од едната страна на светот не се разликува од заштитата на другата страна. Ако работиме и дејствуваме заедно, може подобро да ги исполниме целта и должностите на судот дадени во Римскиот статут“, порача главниот обвинител Кан.

На состанокот на земјите членки се разговара за функционирањето, буџетот, административните прашања и принципите на работа на судот.

Состанокот се одржува во Конгресниот центар на Светскиот форум во Хаг од 2 до 7 декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подготовки за Бадникови поворки 2025, пештера на Христовото раѓање, креативни работилници и концерти

Следно

ЕХФ го казни Пелистер

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop