Германските институции мета на хакерски напади

April 6, 2023
1 min read

Германија веќе трет ден е изложена на големи хакерски напади, а мета се министерствата, полицијата, како и интернет-страниците на покраинските институции.

Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека постојат индиции за проруска заднина на овој хакерски напад кој ги парализираше веб-страниците на голем број германски институции.

Главниот портал на покраината Шлезвиг-Холштајн беше привремено недостапен во средата. Во покраината Бранденбург полицијата снимила хакерски напад на својата веб-страница. Во Сар, дел од официјалните страници на провинциските институции не беа достапни поради хакерски напади.

Во провинцијата Тирингија во средата наутро веб-страниците на Министерството за внатрешни работи и на полицијата беа нападнати од хакери од Германија и од странство. Поради нападот беше оневозможен пристапот до веб-страниците на властите во Берлин.

Во вторникот веќе беа познати хакерските напади на веб-страниците на министерствата или полицијата во покраините Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт.

Истиот ден цел на хакерите беше специјална платформа на германското Министерство за развој, која е посветена на темата за реконструкција во Украина.

Масовните хакерски напади од странство врз германските институции уследија една недела откако Германија одлучи да испрати дополнителна воена помош во вредност од 12 милијарди евра за Украина.

– Претпоставуваме дека нападите во различните сојузни покраини биле координирани. Немаше штета, освен што веб-страниците беа привремено недостапни, истакна германската министерка за дигитални медиуми на Саксонија-Анхалт, Лидија Хускенс.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсења за дрога во Центар и Ѓорче Петров

Следно

Најголемиот турски воен брод спремен за испорака

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop