Германски турист убиен со нож во близина на Ајфеловата кула во Париз

December 3, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Во синоќешниот напад извршен во близна на Ајфеловата кула во Париз, Франција, животот го загуби едно лице, а две се повредени, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

„Осомничениот со нож уби германски турист, а со чекан рани други двајца пред да биде приведен од француската полиција“, објави France 24.

Според извештајот, напаѓачот е 25-годишен Французин кој отслужил затворска казна поради планиран напад.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изрази сочувство до семејството на починатиот германски државјанин.

„Нема да отстапиме пред тероризмот“, објави Елизабет Борн, премиерката на Франција, на социјалната мрежа Х.

Обвинителството за борба против тероризмот потврди дека е подигната истрага за нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Следно

МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop