ГЕРБ ќе алармира во ЕУ за забраната за влез во земјава на бугарскиот европратеник Ковачев

May 7, 2023
1 min read

Откако македонската гранична полиција вчера не дозволи влез во земјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и четворица други бугарски државјани, ГЕРБ соопшти дека ќе ги извести европските партнери, како и комесарот за проширување на ЕУ. Според партијата, станува збор за недозволиви мерки кои ги спровеле властите во Северна Македонија.

„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на загинатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија го направија невидениот чин и не му дозволија влез на шефот на групата ГЕРБ-СДС во ЕПП, Андреј Ковачев, кој е и портпарол на групата на ЕПП во Европскиот парламент одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан. ГЕРБ категорично ги осудува овие постапки на властите на РСМ. Ваквите недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓани на РСМ кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за развој на добрососедски односи меѓу двете земји“

се наведува во објавата на Фејбук страната на ГЕРБ.

Во објавата од ГЕРБ наведуваат дека тие и нивниот лидер Бојко Борисов направиле насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на PCM, потсетувајќи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.

Реакција вчера испрати и бугарското МНР од каде наведоа дека се разочарани од одлуката на властите во Северна Македонија ,да не им се дозволи влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“, Милен Врабевски, и на уште тројца бугарски државјани.

„Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Северна Македонија и со нашите меѓународни партнери бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи“,

се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

Од македонското МВР потврдија дека на петмина бугарски државјани не им бил дозволен влез во земјава, бидејќи не ги исполнувале условите според Законот за странци. Во објаснувањето од полицијата се наведува дека лица кои ги навредуваат граѓаните и државата немаат право да влезат во земјава.

„Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата,“

соопшти МВР.

Настанот на кој требало да учествуваат Ковачев и Врабевски е панихида во Ново Село по повод празникот Ѓурѓовден. Од бугарското МНР вчера соопштија дека настанот со години традиционално се организира во Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од повредените во пукањата во Србија се уште се во критична состојба

Следно

Повеќе од 25.000 удари на гром во Франција во последните 24 часа

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop