Георгиевски: ВМРО е денес отворено просрпска партија која прави диверзија и цинизам со историјата

November 3, 2024
1 min read

„Ако ја анализирам македонската политика три години пред распадот на Југославија до денес, можам да кажам дека денес не само ВМРО (ДПМНЕ) туку имаме најпросрпска Влада што постои во Македонија, дури можам да ви кажам повеќе и од времето на Лазар Колишевски“, вели Љубчо Герогиевски, основачот и долгогодишен лиде на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24. (од 32:26 до 32:47 минута на видеото).

Георгиевски наведува повеќе аргументи за да ја поткрепи оваа своја теза и влече аналогија дека дека и Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија и дека има и многу други примери.

„Забораваме дека дека Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија, така? И многу други примери. Значи, ако денес сакате да ви кажам, јас сметам дека денес ние имаме една отворена просрпска партија која што ни кај комунистите еве да речеме кај левичарите, ни кај десничарите од 45-та година толку изразено не ги паметиме. Мене ми е жал што тоа се случува со партијата која сум ја формирал, мене ми е жал што партијата која го носи името ВМРО (ДПМНЕ) прави ваква диверзија и цинизам на историјата, меѓутоа очигледно тоа ни се случува во моментот“, посочува Љубчо Георгиевски во Трилинг (од 33.09 до 33.53 минута од видеото од интервјуто).

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Следно

Извештај на ЕК за 2024-та година: Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт

Latest from Blog

Е.Пелистер во ЛШ започнува со Загреб во Битола

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Е. Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop