Газа: Во израелско бомбардирање на Рафа загинаа 14 Палестинци, од кои 6 деца

March 3, 2024
1 min read

РАФА (АА) – Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои шест деца, загинаа денес во израелски напад чија цел беше куќа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Во уништувачкиот воздушен напад извршен од израелски воени авиони изминатата ноќ, цел беше трикатна куќа во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и шест деца. Многумина се заробени под урнатините“, објави државната палестинска новинска агенција Вафа.

Се додава дека 14 Палестинци се загинати во воздушниот напад чија цел била „семејната куќа на Абу Анза во населбата Ал-Салам во источна Рафа, десетици се ранети, а многумина сѐ уште се водат за исчезнати“.

„Нападот предизвика и голема штета на околината“, се додава.

Над 1,4 милиони Палестинци раселени поради израелската офанзива врз Газа избегаа во Рафа, барајќи засолниште од нападите.

Најавените планови на Израел за офанзива врз градот активираа меѓународен аларм, при што многу земји повикаа на воздржаност и откажување на операцијата.

Во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, израелските сили „извршија интензивни бомбардирања од воздух и артилерија северно од градот“, објави новинската агенција.

„Овој напад коинцидира со напредувањето на израелските воени возила кон населбата Хамад Сити, лоцирана на север, таргетирајќи ги домовите со гранати“, се додава.

Во северниот и централниот дел на Појасот Газа, цел на воздушен напад беше дом во центарот на бегалскиот камп Џабалија, во кои се убиени и повредени неколкумина цивили.

„Група цивили во кампот Ал-Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа беа цел на напади, во кој има повеќемина повредени“, додава агенцијата.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападот врз Појасот Газа, каде што најмалку 30.410 Палестинци загинаа, главно жени и деца, а 71.700 се повредени од 7 октомври, според палестинските здравствени власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пандовски – Без нов Изборен законик нема да се намали корупцијата

Следно

Црвеното море пред еколошка катастрофа поради бродот што го потонаа Хутите – превезувал ѓубриво

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop