Газа: Уште 10 загинати Палестинци во израелските напади, бројот се искачи на 37.347

June 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во два големи напади врз семејства во последните 24 часа загинаа 10 Палестинци, а повредени се 73, со што вкупниот број на загинати од израелските напади од 7 октомври наваму се искачи на 37.347, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Најмалку 85.372 лица се повредени во нападите, објави Министерството.

„Израелските сили убија 10 луѓе, (и) повредија 73 во два масакри врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството, што е најмал број на Палестинци убиени во еден ден во Газа од 7 октомври.

„Многу тела сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз палестинската енклава од 7 октомври 2023 година, по нападот на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот во енклавата.

Во текот на осум месеци од израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во градот Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред Израел да ја започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа билка ќе ви помогне да се ослободите од КОМАРЦИТЕ

Следно

Рамос останува без клуб: Кој ќе биде неговиот следен чекор?

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop