Гардијан: Откриен хакерски тим кој влијаел на изборите во повеќе од 30 земји

February 15, 2023
1 min read

Тим израелски хакери кои во последните 20 години влијаеле на резултатите на повеќе од 30 избори ширум светот, користејќи хакирање, саботажа и автоматизирани дезинформации на социјалните мрежи, е разоткриен по темелни истраги, пишува лондонски „Гардијан“.

Според весникот, тимот бил предводен од поранешниот оперативец на израелските специјални сили Тал Ханан, кој работел под кодното име „Хорхе“.

Тој и неговиот тим, кои го користеа кодното име „Тим Хорхе“, беа откриени преку тајни снимки и документи до кои „Гардијан“ имал пристап.

Ханан, претставувајќи се како консултант и бизнисмен кој сака да ги одложи изборите во една африканска земја, изјави дека неговите услуги се достапни за разузнавачките агенции, политичките кампањи и приватните компании кои сакаат тајно да манипулираат со јавното мислење.

Тој рече дека услугите на неговиот тим, опишани од други како „црни операции“, се користени низ Африка, Јужна и Централна Америка, САД и Европа.

Во конзорциумот новинари што го истражуваше случајот „Тимот Хорхе“ членуваат новинари од 30 медиуми, меѓу кои францускиот „Монд“, германскиот „Шпигел“ и шпанскиот „Паис“.

За време на тајно снимените состаноци, кои се одржуваа во период од шест месеци, Ханан и неговиот тим разговараа за тоа како би можеле да соберат разузнавачки информации за политичките ривали, вклучително и користење техники на хакирање за пристап до сметките на Gmail и Телеграм.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Демонстранти ја срушија оградата пред Претседателството на Србија: „Каде е Вучиќ“, „Предавство“

Следно

Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана и не спроведува реформи, потребни се избори

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно
Go toTop