Габер-Дамјановска: Да сум на местото на синот на Талат Џафери, би се потрудила да покажам дека работам професионално

March 3, 2023
2 mins read

„Мислам дека треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“, вели директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, откако вчера Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител на кој може да конкурира и синот на претседателот на Собранието

Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е исклучително ниска, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на Собранието ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – беше едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, при интервјуто во „360 степени“ на ТВ „Алсат“.

Наташа Габер-Дамјановска – директорка на Академија за судии и јавни обвинители

„Кога би била на негово место, а верувам дека таа е логиката на самиот кандидат, би се потрудила максимално, кога ќе стапам на должност, да покажам дека навистина работам професионално. Од таа причина, мислам дека навистина треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“,

одговори Габер-Дамјановска.

Советот на јавни обвинители вчера донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител, а меѓу 28-темина кандидати што може да конкурираат, најзвучното име за кое се крена врева во јавноста по објавувањето на конечната ранг-листа на оние што ја завршиле обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, е Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во однос на моралната страна, прашањето е подлабоко и треба да се анализираат повеќе аспекти, вели директорката на Академијата. Таа рече дека стои на претходно дадената изјава дека зачудува логиката на жигосување на некои лица само заради нивното звучно име и семејна припадност, притоа повикувајќи се на уставното право секој да може да биде избран на јавна функција ако ги исполнува условите за тоа.

Од гостувањето на Наташа Габер-Дамјановска во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

„Дали личниот афинитет некој да работи одредена професија и дали можноста еднакво да се натпреварува заедно со други, без разлика на неговото потекло, презиме…, може да се оквалификува како неморално или морално? Во таа смисла, мислам дека одлуката е лична, мислам дека секој граѓанин на оваа држава може да си го определи својот кариерен пат и професионален избор, впрочем тоа, како што наведовте, и Уставот и законите го овозможуваат сè додека тоа се случува во рамки на некој систем на заслуги, мерит-систем, за да може да се пријави, да помине низ филтерот, да успее да се запише и да заврши“,

вели таа.

Директорката додава дека за ова се кренало врева уште пред две години кога била позната листата на кандидати, кога се оспорувал и системот на тестирање. Затоа, сега ја зачудува тоа што повторно јавноста е зачудена дека тие што се запишале и ги поминале сите фази на едукација – завршиле.

„Искрено, мислам дека тоа е, на некој начин, искористено во некој јавен политички дискурс бидејќи самата Академија и генерациите низ кои минувате низ процесот на образование мислам дека не треба да бидат ставени во една таква машина и во таква функција. Мислам дека е навистина нефер“,

вели директорката.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес стресе дел од Македонија

Следно

Гарначо ќе дебитира за националниот тим на Аргентина

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По речиси три децении запоставеност сообраќајната артерија „Перо Наков“ конечно добива третман каков што заслужува

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце

Апел за помош – Донирајте за Никола да се врати во Македонија, му претстои долга рехабилитација

На социјалните мрежи деновиве се шити аппел за помош за Никола кој отишол во Малта да работи и доживеал мозочно крварење. Семејството бара помош за авионски медицински превоз. Никола Николовски – Томба,

СБ на ОН ќе одржи седница за прекин на огнот во Газа пред првото заседание на Одборот за мир

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница на високо ниво за договорот за прекин на огнот во Газа и напорите на Израел да ја прошири контролата на Западниот Брег,

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

По конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, одржана на 2 февруари 2026 година, денеска се означува влегувањето во одлучувачката фаза на конкретна имплементација на Стратегијата за

Изет Меџити: Рамазан – месец на светлина, мир и заедништво, вечерва започнува со отворање на нова џамија во Фуше Топана

Со порака за светлина, трпение и меѓусебна љубов, Изет Меџити го честиташе почетокот на светиот месец Рамазан, нагласувајќи дека овој период е време на духовна посветеност, мир и зацврстување на заедништвото. „Рамазан
Go toTop