Фудбалерите до 21 година убедливо поразени од Летонија

March 23, 2023
1 min read

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 0:3 од Летонија во првиот натпревар од „Анталија куп 2023“. Селекцијата на Драган Канатларовски не го почна турнирот во Турција според желбите.

Летонците ги искористија грешките на Македонија во одбраната. Пред крајот на првото полувреме, Пузиревскис погоди за водство на противникот, а во вториот дел двоен стрелец за Летонија беше Рекис, во 69. и во 83.минута од мечот.

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на „Анталија куп 2023“ ќе одигра уште два натпревари, против Финска на 25. март и против Словачка на 28.март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕБУ бара помош за спас на РТВ на БиХ

Следно

Борел: Секој обид договорот од Охрид да се доведе во прашање ќе биде залуден

Latest from Blog

Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 36 луѓе

Противпожарната служба на Минас Жераис соопшти дека 33 луѓе се водат како исчезнати, а поради надојдената вода околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал?

Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај

Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница

Делови од Тетово и Брвеница утре (26 февруари) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби. Според најавите, во Тетово без струја ќе бидат објекти на улицата „Коле Неделковски“,

Тоневски: 100 дена – проекти, реформи и план за развој

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод 100 дена од преземањето на функцијата, информираше за затекнатата состојба во општината, потенцирајќи дека биле констатирани сериозни финансиски и административни проблеми. Тој посочи дека заклучно
Go toTop