Франција ја затвори вратата за Зинедин Зидан

March 26, 2024
1 min read

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало му ја затвори вратата на Зинедин Зидан. Менаџерот нема да ја води репрезентацијата најмалку до 2026 година. Ова станува јасно од изјавата на фудбалскиот функционер.

Во интервју за локалното издание Le Figaro, Филип Диало гарантира дека без разлика на настапот на „петлите“ на Европското првенство во Германија летово, позицијата на селекторот Дидие Дешан останува забетонирана.

Поранешниот менаџер на Олимпик Марсеј, Дешан, потпиша продолжување на договорот по поразот на Франција во финалето на Светското првенство од Аргентина во Катар. Новиот договор е до 2026 година.

Во последните години името на Зинедин Зидан често доаѓаше во прв план како евентуален селектор на француската репрезентација.

-Зинедин Зидан е една од легендите на францускиот фудбал. Ние сме должни да покажеме признание за сето она што тој го придонел за францускиот народ. Но, има и друга работа, а тоа е дека го имаме најдобриот тренер во францускиот фудбал до 2026 година. Тоа е се што треба да се каже, категорично објави Диало.

Зинедин Зидан е невработен од 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Приватните специјализанти ќе протестираат пред Здравство: Покачување на месечниот надоместок…

Следно

Нов бран поскапувања по изборите

Latest from Blog

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага

Жените родени под два знака се најпосакуваните партнери и сопруги

Љубовта, топлината и способноста да се разбере партнерот се квалитети кои многумина ги сметаат за најважни во љубовната врска или бракот. Сепак, според астрологијата, постојат жени кои природно зрачат од оваа посебна

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди
Go toTop