(ФОТОГАЛЕРИЈА) Демонстрантите го „запалија светлото“ во Србија на масовниот протест против насилството

May 12, 2023
1 min read

Уште еден интерес момент кој од протестот што го пренесуваат дел од медиумите е што возач на Итната медицинска помош додека поминуваше низ толпата им даде поддршка на демонстрантите со звучната сигнализација и со мавтање со раката преку прозор

Вториот протест „Србија против насилството“ во Белград изнесе огромен број граѓани на улица. Дел од проценките се дека бил помасовен од првиот на 8 мај кога организаторите соопштија дека имало 50 000 луѓе. Протестот започна во 18 часот пред српскиот парламент, а оттаму демонстрантите тргнаа во протестен марш кон еден од најважните мостови во Белград, „Газела“.

На почетокот на протестот беа прочитани барањата за смена на министерот за внатрешни работи Бранислав Гашиќ и директорот на српска БИА Александар Вулин, како и смена на членовите на РЕМ, регулаторното тело за медиуми во Србија.

Во текот на протестот, кога почна да паѓа мрак, граѓаните спонтано ги запалија светилките на мобилните телефони со што симболично порачаа дека „ги запалиле светлото во Србија“, пренесува Н1 ТВ. По ова следуваше громогласен аплауз.

Уште еден интересен момент кој од протестот што го пренесуваат дел од медиумите е што возач на Итната медицинска помош додека поминуваше низ толпата им даде поддршка на демонстрантите со звучната сигнализација и со мавтање со раката преку прозор.

Организатори на протестот се дел од опозициските партии во Србија, но според медиумските извештаи, на настанот немало партиски обележја. Демонстрантите носеа транспаренти против насилството и против провладините медиуми, а скандираа и пораки кон претседателот Алекандар Вучиќ порачувајќи му „Вучиќ, оди си“.

Организаторите во обраќањата повикаа и на нов протест следниот петок пред српскиот парламент кога треба да се одржи седница на која ќе се расправа за барањата на опозицијата по масовните убиства во Белград и Младеновац.

Во медиумите кои важат блиски до српската власт, пак, извештаите се дека на протестот има малку луѓе односно „грст мршојадци“, како и дека меѓу толпата има четници и мигранти, а целта е никој да не зборува за убиствата туку да се предизвика хаос.

Протестите следуваат по двете масовни убиства што се случија во Србија, првото во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а второто кај Младеновац, во кои беа убиени вкупно 17 лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телефонски закани за убиство кон премиерот и министрите во Хрватска

Следно

Комити со акција: Донирајте за Вардар – веднаш!

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа во тргувањето – МБИ10 месецот го заврши со раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во текот на јануари 2026 година, на Македонската берза се реализираа 1.350 трансакции со вкупен промет од 387.459.473

ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации

„Ги отфрламе ставањето на војските на ЕУ на списокот и обвинувањата за тероризам“, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар ал-Ануни. Претходно, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, откога ЕУ ја прогласи

Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци

Комерцијална банка, НЛБ и Алкалоид најтргувани – МБИ10 со раст од 1,45% на денешната сесија

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза На денешната берзанска сесија, 2 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа значителен раст од 1,45%, достигнувајќи ниво од

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа во тргувањето – МБИ10 месецот го заврши со раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во текот на јануари 2026 година, на Македонската берза се реализираа 1.350 трансакции со вкупен промет од 387.459.473
Go toTop