(ФОТО) Вучиќ го почна митингот со минута молчење, па најави дека од утре нема да биде претседател на СНС

May 26, 2023
2 mins read

Иако го соопшти повлекувањето од СНС, тој паралелно го најави формирањето на ново Движење за народот и државата кое рече е потребно за да се пребродат наредните две-три години што се клучни за иднината на Србија

Во говорот Вучиќ ја повика опозицијата, која изминатиов период организираше неколку масовни протести, на дијалог, но ѝ порача дека додека е жив нема да се согласи да се формира преодна влада

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Автобуси од сите краишта на Србија, но и до Северна Македонија и Република Српска во Босна и Херцеговина, од утрово се упатија кон Белград каде владејачката партија Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ организира митинг кој доаѓа по неколкуте масовни протести на опозицијата и граѓаните против неговата владејачка гарнитура.

Митингот започна вечерва околу 19 часот со интонирање на химната, а Вучиќ обраќањето го почна со барање за минута молчење за жртвите во двете масовни убиства во Србија – во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и кај селата Дубона и Орашје кај Младеновац.

„Пред да кажам што било, а се подготвував, денеска како и сите претходни денови мора да има молчење за сите наши деца кои настрадаа во училиштето ’Владислав Рибникар‘, за нивниот чувар Драган, за сите наши деца од Дубона и Орашје, за секој живот што со сила е одземен и затоа ве молам да ги наведнеме главите и со минута молчење да им оддадеме чест на сите кои настрадаа во овие два масакри“,

порача Вучиќ.

Понатаму во говорот, зборувајќи за масовните протести, кој тој и функционерите од неговата власт изминативе денови ги потценуваа и исмеваа, Вучиќ ги повика организаторите на дијалог, но беше и дециден дека нема да се согласи на никакви преодни влади.

„Додека сум жив, тоа нема да ви го потпишам. Власта се бира на избори и со народна волја“,

рече српскиот претседател.

Зборуваше и за Косово и се жалеше дека е притиснат од сите страни. Немаме каде, рече, освен да ја браниме својата држава и својот народ. Исто така, порача дека ќе се бори за мир и оти Србија нема да седи со скрстени раце додека се напаѓаат Србите на Косово.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На присутните поддржувачи, потоа им соопшти дека по 11 години се повлекува од лидерската позиција во СНС. Оваа, рече, е последна вечер да се обраќам како претседател на оваа партија.

„Победувавме на сите избори, ги победувавме затоа што тие никогаш немаа политика, затоа што секогаш само размислуваа како на сила и со помош на некој друг од страна да дојдат на власт. Ова е последна вечер во која ви се обраќам како претседател на СНС, утре некој друг ќе ја преземе мојата, вашата, нашата Српска напредна странка, чиј верен член ќе бидам“,

рече Вучиќ.

Прекрасни луѓе, додаде тој, ќе го преземат раководењето со партијата. Сепак, според најавата, тој повторно ќе остане на сцената – наместо преку СНС преку ново движење чие формирање го најавува извесен период.

„За Видовден, токму поради кризата во која се наоѓаме, а ќе ја замолам СНС да биде столб на сето тоа, почнување со формирање н Движењето за народот и државата за да имаме база и основа да ја сочуваме нашата земја во наредните две-три кризни години што се одлучувачки за иднината на Србија. Јас знам дека без СНС тоа не може“,

рече Вучиќ.

Митингот заврши нешто пред 21 часот со песната „Ова е Србија. Како увертира на говорот на српскиот претседател, како говорници на митингот се појави неколку негови поддржувачи и партнери, меѓу кои министерот за надворешни работи и коалициски партнер на Вуќиќ – Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, министерот за надворешни работи на Унгарија од партијата Фидес на Виктор Орбан, Петар Сијарто, црногорскиот политичар и лидер на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Милан Кнежевиќ, тенисерот Јанко Типсаревиќ и др.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работната група ја усвои предлог-иницијативата за уставни измени – на ред е Владата да ја проследи до Собранието

Следно

И ЕУ со осуда за тензиите на северот на Косово: Нема да прифатиме дополнителни провокации

Latest from Blog

Трагичното лето: Наместо да потпише договор на кариерата со Барса, се соочува со пауза од неколку месеци!

Летото кое можеше да му донесе трансфер во кариерата на Ели Џуниор Крупи се претвори во вистински кошмар. Младиот напаѓач на Борнмут беше подложен на операција на стапалото. Според информациите тој ќе

Почина и шестиот пациент од легионела- болеста се шири низ Њујорк

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 90, објави вчера градскиот здравствен оддел, пренесува ABC News. Според официјалните податоци, од 17 јули не се регистрирани нови случаи. Во моментов, шест лица се хоспитализирани,

Да ѝ помогнеме на Теодора, 24-годишна мајка на бебенце од само 18 месеци

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на

Коло Муани се враќа во Јувентус за 38 милиони евра

Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ  на позајмица со задолжителна откупна клаузула.  Според Џанлука Ди Марцио, целиот

Болсонаро не смее јавно да се појавува, па настапи како аватар на митингот на син му (ВИДЕО)

Настанот предизвика дебата за тоа како вештачката интелигенција би можела да ја преобликува претседателската трка во најголемата економија во Латинска Америка, пишува Ројтерс. „Ниеден затвор нема да ја замолчи надежта што ја
Go toTop