(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 118 загинати во земјотрес во Кина – спасувачките екипи се борат со студот во потрагата по преживеани

December 19, 2023
2 mins read

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ги повика властите да вложат максимални напори во потрагата по преживеани и згрижување и давање медицинска нега на повредените. Тој посочил дека катастрофата се случила во област на голема надморска височина, каде што температурите во моментот се многу ниски

Најмалку 118 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотрес што ја погоди северозападна Кина, објави утрово кинеските државни медиуми, пренесуваат светските агенции.  

Спасувачки екипи ги расчистуваат урнатините во потрага по преживеани во село во Кингхаи соседна провинција на Гансу / Фото: EPA-EFE/XINHUA / Zhang Hongxiang

Средиште на земјотресот, кој се случил вчера доцна попладне, бил округот Џишашин во провинцијата Гансу. Во потресот, како што се наведува, се оштетени домови и патишта, а спасувачки тимови кои веднаш започнале со потрагата се обидуваат да стигнат до преживеани под урнатините на температури под нулата.

Јачината на земјотресот според Геолошкиот институт на САД била 5,9 степени според Рихтеровата скала, додека пак според проценката на кинеската Управа за земјотреси потресот бил посилен со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Според последните податоци, во провинцијата Гансу загинале 105 луѓе, а повеќе од 4 700 куќи биле оштетени. Покраинските власти соопштиле дека вкупно 397 лица се повредени, од кои 76 потешко, а 16 се во критична состојба.

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ги повика властите да вложат максимални напори во потрагата по преживеани и згрижување и давање медицинска нега на повредените. Тој посочил дека катастрофата се случила во област на голема надморска височина, каде температурите во моментот се многу ниски.

Видеата и фотографиите објавени на кинеските државни медиуми прикажуваат семејства на отворено завиткани во дебели ќебиња.

Локалните власти, како што пренесуваат медиумите, поставиле шатори на плоштадот во Дахеџи  во округот Џишишан, кој е тешко погоден од земјотресот. Температурата измерена во округот во текот на ноќта изнесувала минус 14 Целзиусови степени.

Инаку, земјотресите се честа појава во Кина, особено во југозападните делови на земјата, каде што среќаваат евроазиската и индиската тектонска плоча.

Спасувачки екипи пребаруваат под урнатите во потрага по преживеани / Фото: EPA-EFE/XINHUA / Fire and Rescue Department of Gansu

Вчерашниот земјотрес може да биде најсмртоносниот што ја погодил Кина во последната деценија. Претходно во 2014 година во земјотресот што ја погоди југозападната провинција Јунан загинаа околу 600 луѓе, а во 2008 година соседната провинција Сечуан беше средиштето на разорен земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа околу 90 000 луѓе.

Британскиот национален сервис разговарал со главниот командант на тимот за пребарување и спасување Ванг Ји во врска со спасувачките операции. Тој изјавил за сервисот изјавил дека бројот на жртви дефинитивно ќе се зголеми, но не многу.

Ванг, исто така, навел дека многу ниските температури претставуваат особена тешкотија. Тие, како што посочил тој, се постојано под нулата и тешко подносливи, што ќе влијае и на тоа колку колку преживеани би можеле да бидат спасени.

„Главно тоа е температурата, времето. Второ тоа е надморската височина. Местото е постудено од Турција (која исто така неодамна доживеа разорен земјотрес). Тешко е да се издржи за тимови од југ (каде што е потопло)“,

рекол Ванг.

Тој додал дека мал број преживеани биле пронајдени откако неговиот тим пристигнал во провинцијата денеска наутро.

„Тимот на терен проверува (од куќа до куќа за преживеани). Мислам дека околу градот не треба да има многу проблеми бидејќи таму имаме многу ресурси за пребарување и спасување“,

рекол тој.

Спасувачите транспортираат повредено лице во селото Дахе / Фото: EPA-EFE/XINHUA / Ma Xiping

Планинскиот регион во северна Кина, каде што се случил земјотресот, е еден од етнички најразновидните во земјата.

Епицентарот каде што се случи земјотресот – автономната префектура Линксиа Хуи – е центар на муслиманскиот народ Хуи, голема кинеска етничка група.

Регионот вклучува и други муслимански кинески групи, вклучително и народот Бонан, Донгсијанг и Салар.

Во споредба со остатокот од Кина, станува збор за многу сиромашен регион.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на Република Македонија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ако МВР навреме реагираше, Вања немало да биде убиена од екс претседателот на градската организација на СДС

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop