(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ, оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот парламент 

May 19, 2023
2 mins read

Причина за протестот е незадоволството од реакцијата на властите по двете масовни убиства на почетокот на мај, во кои беа убиени 18 лица. Вечерашниот протест почна пред српскиот парламент, од каде што демонстрантите се упатија кон најпрометниот мост во Белград – „Газела“. Насобраните граѓните пред српскиот парламент скандираа „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ, оди си“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа

Десетици илјади граѓани на повик на дел од опозицијата вечерва излегоа на протест на улиците на Белград под слоганот „Србија против насилството“.  

Протестниот марш кој по трет пат се одржува под мотото „Србија против насилството“/Фото: Н1

Причина за протестот е незадоволството од реакцијата на властите по двете масовни убиства на почетокот на мај, во кои беа убиени 18 лица. 

Станува збор за трет протест што се одржува на повик на дел од опозицијата. Претходните два се одржаа на 8 и на 12 мај.  

Вечерашниот протест почна пред српскиот парламент, од каде што демонстрантите се упатија кон најпрометниот мост во Белград – „Газела“.  

Протестната поворка, како што пренесува Н1, стигна до „Газела“, но пред парламентот сè уште има насобрани луѓе, кои не можат да се приклучат на протестниот марш поради големиот број луѓе присутни на протестот.  

Како што јавува телевизијата, според проценката на нејзините репортери, пред парламентот имало повеќе луѓе отколку на претходните протести. Луѓето беа распослани од црквата „Свети Марко“ сè до Теразије. 

Насобраните граѓните пред српскиот парламент скандираа „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ, оди си“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Насобраните граѓани пред српскиот парламент/Фото: Н1

Радомир Лазовиќ, претставник на движењето „Да не го давиме Белград“, за новинарите изјави дека учесниците на вечерашниот марш ќе го преминат мостот Газела, а потоа ќе направат круг преку Бранковиот мост.  

Јелена Михаиловиќ, една од мајките од Пеќине, во својот говор на почетокот на протестот рече дека граѓаните сакаат да живеат без страв. 

 „Тука сме затоа што сакаме Србија без насилство“,

рече таа. 

Меѓу присутните на протестот е и принцот Филип Караѓорѓевиќ. Тој, покрај фотографијата на својот твитер-профил, напиша: 

„Од народот, за народот“

Протестот, како и претходните, се одвива мирно и без инциденти.

Протестниот марш се движи кон мостот „Газела“/Фото: Н1

Ден пред протестот во парламентот на Србија почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства. 

Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста, беше едно од барањата на протестот. 

Меѓу другите барања на граѓаните кои по трет пат излегуваат на протестот се и оставка на министерката за полиција Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин. 

Тие бараат и смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи. 

Се бара и откажување на програмите кои промовираат насилство, како што се реалните шоуа. 

По трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе оставка. 

За потсетување, на 3 мај 13-годишен ученик уби осум ученици и еден чувар и рани шест ученици и еден наставник. Во пукањето, тешко беше рането девојче кое по неколку дена им подлегна на повредите во болница и таа е десеттата жртва во масакрот. 

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Белград, 21-годишен напаѓач уби осум, а рани 14 лица. Напаѓачот е уапсен и го призна делото. 

По двете трагедии, надлежните го зголемија полициското присуство во училиштата, а во тек и акција на Министерството за внатрешни работи на Србија за доброволно предавање на нелегалното оружје.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот Парламент 

Следно

Блокирани мостот Газела и Бранков мост на протестот „Србија против насилството“: Не си одиме додека властите не одговорат на барањата  

Latest from Blog

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со млади од градот, која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, без формални говори и протокол, со цел поттикнување искрен дијалог и размена

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за
Go toTop