(ФОТО) Ова се петте најлоши земјотреси во 21 век: Еден уби над 300 000 луѓе

February 9, 2023
1 min read

Хаити беше погоден од земјотрес од 7,0 степени во 2010 година. Земјотресот го погоди главниот град Порт-о-Пренс и уби околу 316 000 луѓе и уништи над 80 000 згради

Повеќе од 17 000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и Сирија, а се очекува тој број да се зголеми. Тоа го направи овој земјотрес еден од најсмртоносните во последните децении. Меѓутоа, во последните децении имало и поразорни земјотреси.

Така, во 2004 година, земјотрес од 9,15 степени според Рихтеровата скала го потресе Индискиот Океан. Земјотресот беше со епицентар во близина на островот Суматра, а силното тресење создаде огромно цунами кое ги погоди бреговите на Индонезија, Тајланд, Индија и Шри Ланка. Најмалку 230 000 луѓе загинаа.

Петнаесетгодишнина од цунамито во Индискиот Океан во 2004 година, Фото: EPA-EFE/HOTLI SIMANJUNTAK

Островот Хаити беше погоден од земјотрес од 7,0 степени во 2010 година. Земјотресот го погоди главниот град Порт-о-Пренс и уби околу 316 000 луѓе и уништи над 80 000 згради.

Повеќе од 87 000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Кина во 2008 година.

Десетгодишнината од земјотресот во Сечуан во Кина, Фото: EPA-EFE/WU HONG

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Пакистан во 2005 година, загинаа 73 000 луѓе. Во соседна Индија, истиот земјотрес уби над 1 200 луѓе.

Преживеаните од земјотресот ги градат своите урнати куќи во земјотресот што го погоди селото Рангата на 23 декември 2005 година, Фото: EPA/AFTAB MIR

Во 2003 година Иран беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го потресе југоисточниот дел на земјата, а особено е погоден градот Бам. Уби околу 31 000 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска во посета на дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари

Следно

Самитот на лидерите на ЕУ почна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop