Фон дер Лајен го посети Киев за да ја одбележи втората годишнина на руско-украинската војна

February 24, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го посети Киев, главниот град на Украина, одбележувајќи ја втората годишнина на војната меѓу Киев и Москва, известува Анадолу.

„Повеќе од кога било, цврсто стоиме покрај Украина. Финансиски, економски, воено, морално, додека земјата конечно не биде слободна“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

За време на посетата, Фон дер Лајен на украинската полиција ѝ предаде 50 нови возила што ги финансираше Европската унија.

„Возилата ќе им помогнат во секојдневната работа. Да донесат безбедност и стабилност на териториите што ги ослободија храбрите украински вооружени сили, и да го поддржат населението. Тоа е солидарноста на ЕУ на дело“, рече претседателката на Европската комисија.

Денес се навршија две години од почетокот на војната што Русија ја започна во Украина, како и 10 години од илегалната анексија на украинскиот полуостров Крим и градот Севастопол.

Високорангирани функционери на ЕУ вчера изразија „силна и непоколеблива“ поддршка на европскиот блок на Киев во борбата против Русија.

Во заедничката изјава, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метсола, ја одбележаа „трагичната годишнина“.

Вниманието го привлече фактот дека изјава не дадоа во име на Европската унија туку како лидери на три институции на ЕУ. Подоцна се дозна дека поради противење на Унгарија изјавата не можела да биде дадена со согласност на сите земји-членки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зеленски вети победа на двегодишнината од руската инвазија

Следно

Украинските бегалци во Македонија можат да аплицираат за азил

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop