Финскиот претседател вели дека Анкара донела одлука за членството на неговата земја во НАТО

March 16, 2023
1 min read

Турскиот претседател Ердоган претходно навести дека ќе ѝ даде зелено светло на Финска и рече дека Турција ќе го одржи ветувањето. Тој ќе се сретне со својот фински колега на 17 март

Финскиот претседател Саул Нинисто објави дека Турција одлучила да ја ратификува кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО и најави дека ќе го посети Истанбул оваа недела за да ја слушне одлуката од турскиот колега  Реџеп Таип Ердоган, јавуваат агенциите. 

Претседателот на Финска, Саул Нинисто/Фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

 „Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да добијам одговор кога ќе ја соопштат одлуката. Се разбира, ја прифатив поканата и ќе одам да го добијам неговото (на Ердоган) изразување на намера“,

рече Нинисто, пренесе АФП. 

Турскиот претседател Ердоган претходно навести дека ќе ѝ даде зелено светло на Финска и рече дека Турција ќе го одржи ветувањето. 

 Тој ќе се сретне со Нинисто на 17 март. 

 „Во петок ќе се сретнеме со господинот претседател, ќе го направиме она што го бара нашето ветување“,

изјави тој за новинарите. 

Ратификацијата на барањето за членство на Финска во НАТО ќе мора да помине на формално гласање во турскиот парламент. 

Финска, Шведска и Турција постигнаа трилатерален договор на самитот на НАТО во Мадрид во јуни, минатата година, но Анкара постојано изразува фрустрација поради, како што тврди неуспехот на Шведска да ги исполни своите обврски, истовремено истакнувајќи дека е задоволна од напредокот на Финска. 

Ердоган во повеќе наврати го критикуваше одбивањето на шведските власти да екстрадираат десетици луѓе наводно, како што тврди, поради поврзаност со курдските милитантни групи и други критичари на неговата влада. 

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во вторникот изјави дека веројатноста Финска да влезе во НАТО пред Шведска е „зголемена“ во последните недели, но нагласи дека влезот на неговата земја во Алијансата е само прашање на време. 

„Ќе продолжам со мојата работа за поддршка на членството на Шведска во НАТО“,

рече Нинисто, додавајќи дека разговарал за ова прашање со Кристерсон. 

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за приклучување во западната алијанса минатиот мај, по руската инвазија на Украина. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал на Меси му нуди 220 милиони евра по сезона

Следно

Студено време со ветер над 70 км/ч

Latest from Blog

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси, со конкретни чекори работиме на намалување на аерозагадувањето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со

Божиновска порача: Без силни меѓународни партнерства нема успешна енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката

Божиновска оствари средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Кина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката
Go toTop