ФФМ: Суспендиран теренот во Кавадарци

September 24, 2024
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска Градскиот стадион во Кавадарци поради инцидентот што се случи на неделниот прволигашки натпревар меѓу Тиквеш и Вардар.

Инцидентот се случи во финишот на дуелот кога втор асистент судија Гоце Петревски беше погоден од трибините со полно пластично шише по што натпреварот бил прекинат.

„Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпреварот од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22. септември“, соопшти ФФМ.

Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше натпреварот меѓу Тиквеш и ФК Вардар со службена победа од 0:3 за гостинскиот тим.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади се приближува до 41.500

Следно

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop