Феноменална партија на Аврамовски: Два гола и асистенција за победа на Болуспор

April 29, 2024
1 min read

Даниел Аврамовски e најзаслужниот за повеќе од значајна победа на Болуспор во Втората лига на Турција.

Болуспор со пресврт во второто полувреме триумфираше над Алтај со 3-1, а сето тоа благодарение на македонскиот интернационалец кој беше стрелец на два гола, а асистираше за третиот погодок на својот тим.

Аврамовски погоди во 55. и во 94. минута од средбата, а му асистираше на Уларе за вториот погодок на Болуспор, пишува Екипа.

Аврамовски досега има седум гола и две асистенции сезонава во втората турска лига. Болуспор со 50 бода е на 7. место на табелата кое води во разигрувањето за Првата лига на Турција.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Америка се изнакупува советска воена авијација

Следно

Едита жестока кон ЈК: Јецо, си го измешала однесувањето како „карли“ затоа што спиеше со моето момче!

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop