Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора

January 26, 2023
1 min read

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.

Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“.

„Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон.

Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.

„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.

На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора.

„Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа.

Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора.

„Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Тенковите од западните сојузници мора да бидат испорачани што побрзо 

Следно

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, застои нема

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop