Европската Унија во март ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија

February 8, 2023
1 min read

Конференцијата на високо ниво ќе биде отворена за земјите-членки на ЕУ, соседните земји, членките на Обединетите нации, меѓународните финансиски институции и други релевантни чинители, а целта е да се соберат средства за поддршка на двете земји за брзо закрепнување по разорниот земјотрес

Европската Унија во март во Брисел ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија кои во понеделникот беа погодени од разорен земјотрес, соопшти денеска ЕУ. 

Донаторската конференција е усогласена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен (на фотографијата) и шведскиот премиер, Улф Кристерсон, чија земја претседава со Советот на ЕУ/ Фото: Архива

Конференцијата, како што се наведува во соопштението, има за цел да мобилизира средства од меѓународната заедница за поддршка на народот на Турција и на Сирија по земјотресот. 

„Конференцијата на високо ниво, која ќе биде отворена за земјите-членки на ЕУ, соседните земји, членките на Обединетите нации, меѓународни финансиски институции и други релевантни чинители, треба да го координира одговорот на донаторите и да собере средства за брзо закрепнување и помош во погодените области на Турција и Сирија од земјотресот“,

се вели во соопштението на ЕУ. 

Организирањето на донаторската конференцијата го усогласија претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и шведскиот премиер Улф Кристерсон, чија земја претседава со ЕУ. 

 Фон дер Лајен нагласи дека е активиран механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој досега испрати медицински и тимови за пребарување и спасување од 23 земји. 

 „Сите сме потресени од разорните последици од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија оваа недела. Сега приоритет е да се работи деноноќно за да се спасат што повеќе животи, бидејќи многу луѓе се уште се заробени под урнатините“,

порача претседателката на ЕК.  

 Таа испрати порака дека ЕУ ќе ги поддржи народот на Турција и Сирија. 

„Затоа што никој не треба да биде оставен сам кога таква трагедија ќе погоди една нација“,

рече Фон дер Лајен. 

Шведскиот премиер Кристерсон истакна дека земјотресот што ги погоди Турција и Сирија е „катастрофа без неодамнешен преседан“. 

Според последните податоци, вкупниот број на загинати во Турција и во Сирија по разорниот земјотрес во понеделникот се искачи на најмалку 12 049 лица. 

Новите податоци доаѓаат откако сириската цивилна одбрана соопшти дека најмалку 1 730 луѓе загинале во северозападна Сирија, а повеќе од 2 850 се повредени.  

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека црниот биланс од земјотресот во неговата земја се искачи на 9 057 луѓе. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Членови на Асоцијацијата за цистична фиброза утре излегуваат пред Влада: Ќе се збогуваме со Благојче – жртва на инертниот и бирократски систем

Следно

Многу студено време, утрово температури до -15

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop