Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција по земјотресите

March 20, 2023
1 min read

Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција.

Таа говореше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните години.

„Милиони сега се бездомници и живеат во шатори во текот на зимата. Мора да се мобилизираме за обнова. Куќите, училиштата и болниците мора повторно да се изградат со највисоки стандарди за безбедност од земјотреси. Водата, канализацијата и другата клучна инфраструктура мора да се поправат. На јавните служби и претпријатијата им треба капитал за повторно да работат, за луѓето да можат да заработат за живот“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Комисијата ќе обезбеди дополнителни 108 милиони евра за хуманитарна помош и за обновување на Сирија. Европската унија не одржува дипломатски врски со претседателот на таа земја, Башар ал Асад, од војната што започна во 2011 година.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) проценува дека „вкупниот финансиски товар од земјотресот“ за Турција е околу 103,6 милијарди долари, што е девет отсто од проектираниот БДП на земјата за 2023 година.

Министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека Хрватска на конференцијата ќе најави нова помош за двете земји, која ќе изнесува вкупно пет милиони евра за Турција и 400.000 евра за Сирија. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градилиште зад Универзална сала „проголта“ дел од улицата „9 мај“

Следно

Севиља го отпушти тренерот Сампаоли

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на
Go toTop