ЕУ и СЕ продолжуваат да им помагаат на земјите кандидати во реформските процеси

January 30, 2023
2 mins read

Европската унија и Советот на Европа ќе продолжат заедно да работат за да им помогнат на земјите кандидати и потенцијални кандидати да постигнат опиплив напредок во нивниот севкупен реформски процес кон исполнување на критериумите за членство во ЕУ, се вели во документот објавен денеска од Советот на ЕУ.

„Нашите заеднички програми во регионите на проширување и соседството ќе продолжат да ги поддржуваат реформските напори во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, се вели во заклучоците за приоритетите на Унијата за соработка со Советот на Европа за оваа и следната година. Во 55 заклучоци, ЕУ ја споменува областа на реформи во Западен Балкан, каде што ЕУ и Советот на Европа работат заедно.

Во документот се наведува дека ЕУ ја препознава важната улога на Советот на Европа во поддршката на усогласувањето со европските стандарди и зајакнувањето на градењето капацитети на институциите за спречување и борба против корупцијата, во борбата против перењето пари и обезбедувањето ефективно судство, сето тоа за време на реформските процеси во Западен Балкан и земјите од Источното партнерство.

Советот на ЕУ оценува дека улогата на експертизата на Советот на Европа е „од клучна важност во контекст на годишниот пакет за проширување на ЕУ и европскиот механизам за владеење на правото, вклучително и подготовката на следното издание на годишен извештај за владеење на правото“.

„Нашите заеднички програми во регионите на проширување и соседството ќе продолжат да ги поддржуваат реформските напори во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, стои во документот.

Како што се додава, корисен инструмент за оваа работа е соработката со Венецијанската комисија, а корисен е и инструментот ГРЕКО за борба против корупцијата, како и сите други релевантни тела на Советот на Европа.

За ЕУ, како што е наведено, тоа останува главен приоритет во наредните години.

„Посветеноста на ЕУ за поттикнување на човековите права, демократијата и владеењето на правото се протега на земјите кандидати и потенцијални кандидати и соседството на ЕУ, каде што ЕУ ќе продолжи да соработува со Советот на Европа за поддршка на земјите во спроведувањето суштински реформи и обука, во условите на судството, борбата против корупцијата, унапредувањето на човековите права и улогата на слободните и независни медиуми и граѓанското општество, и – во однос на земјите кандидати и потенцијални кандидати – да се следи напредокот постигнат во тие области, во согласност со зајакнатата методологија на пристапниот процес“, се нагласува во документот.

ЕУ, исто така, најавува дека ќе ја продолжи својата блиска соработка со инструментот ГРЕКО на Советот на Европа за промовирање на имплементацијата на стандардите за зајакнување на борбата против корупцијата и со МОНЕИВАЛ во борбата против перење пари.

Документот на Советот на ЕУ се однесува на сите области, а целта е да се зајакне демократијата во европските земји и бара „здружување на силите со цел да се смени демократската регресија, да се промовира владеењето на правото и да се поддржат човековите права, да се заштити интегритетот на демократските процеси од надворешно мешање и дезинформации, ја штитат независноста на судството, ја обезбедија слободата на медиумите и безбедноста на новинарите и ја подобрија ефикасноста на демократските институции и одлучувањето, вклучително и ангажман на актери на граѓанското општество и зголемен ангажман на граѓаните“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Училиште од Ѓорче Петров доби техничка опрема преку која ќе учат за важноста на животната средина

Следно

Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop