Грција, Кипар, Шпанија и Италија ќе имаат право на помош во справувањето со миграцискиот притисок според новиот механизам на ЕУ кога договорот на Унијата за миграција и азил ќе стапи во сила во средината на 2026 година, објави денес Европската комисија (ЕК).
Во соопштението се вели дека нелегалните гранични премини на ЕУ се намалени за 35 проценти помеѓу јули 2024 и јуни 2025 година, но дека сè уште постојат проблеми поврзани со нелегалната миграција, објави Ројтерс.
„Грција и Кипар се под миграциски притисок поради непропорционалното ниво на пристигнувања во текот на изминатата година. Шпанија и Италија се исто така под миграциски притисок поради непропорционалниот број пристигнувања по операциите за пребарување и спасување на море во истиот период“, се вели во соопштението.
Извор: tv21


