Ердоган води пред Киличдароглу, соопшти Изборната комисија на Турција по официјално пребројани 75,4 отсто од гласовите

May 28, 2023
1 min read

Во меѓувреме, турскиот весник „Хабертурк“ и агенцијата Анадолија објавија дека, според неофицијално обработени 98,7 отсто од вкупниот број гласови, Ердоган води со 52,1 проценти наспроти неговиот опонент Киличдароглу кој има освоено 47,9 отсто од гласовите

Нeофицијалните резултати говорат дека Ердоган води пред Киличдароглу со 2,1 милион гласови повеќе – што е помалку во однос на првиот круг од претседателските избори кога актуелниот претседател имаше околу 2,5 милиони гласа повеќе од својот опонент

Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган води пред неговиот противкандидат – опозиционерот Кемал Каличдароглу, според досегашните прелиминарни официјални резултати од вториот круг на претседателските избори.

Претседателот на Комисијата, Ахмет Јенер, кого го цитира Би-би-си, соопшти дека според досегашните официјални резултати и пребројани околу 75,4 отсто од вкупниот број гласови, Ердоган води со 53,4 отсто од гласовите наспроти Киличдароглу со освоени 46,5 проценти.

Ова е првиот официјален изборен резултат, според кој, Ердоган е во водство.

Во меѓувреме, турскиот весник „Хабертурк“ и новинската агенција Анадолија објавија дека, според неофицијално обработени 98,7 отсто гласовите, Ердоган води со 52,1 проценти наспроти неговиот опонент Киличдароглу кој има освоено 47,9 отсто од гласовите.

Фото: „Хабертурк“

Нeофицијалните резултати говорат дека Ердоган води пред Киличдароглу со 2,1 милион гласови повеќе – што е помалку во однос на првиот круг од претседателските избори кога актуелниот претседател имаше околу 2,5 милиони гласа повеќе од својот опонент.

Спротивно на голем број анализи дека Ердоган денеска ќе победи со поголема разлика од првиот круг, Киличдароглу ја намали разликата, но недоволно за да го загрози противникот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските лидери со честитки до турскиот претседател Ердоган за реизборот

Следно

Покетино и официјално нов тренер на Челси

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop