Емпаер стејт билдинг во Њујорк е осветлен во црвено-бели бои за жртвите од земјотресот

March 7, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Емпаер стејт билдинг, познатиот облакодер во Њујорк, осветлен е во боите на турското знаме во знак на солидарност со жртвите на земјотресот што во почетокот на февруари ги потресе јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Историската зграда е осветлена во црвено-бели бои во знак на сеќавање на оние кои ги загубија животите во катастрофалните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари, но и во знак на поддршка на преживеаните.

„Емпаер стејт билдинг свети во црвено-белите бои како поддршка на жртвите од трагичниот земјотрес што се случи на 6 февруари“, објави на Твитер Управата на зградата.

Земјотресите со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер со епицентар во турската област Кахраманмараш, на 6 февруари потресоа 11 турски области, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг, со популација од околу 13,5 милиони.

Во катастрофалните земјотреси животот го загубија 45.968 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Андреј Цветановски во театарот во Вршац

Следно

Почна реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”

Latest from Blog

Германските бродосопственици ја критикуваа одлуката на владата да не се испраќа морнарицата во Заливот

„Бевме изненадени кога ја примивме веста дека Германија нема да учествува во евентуалната мисија за заштита на трговските бродови во Заливот“, објави Здружението на германски бродосопственици (VDR). Во соопштението за медиумите се

Меџити: Дрвјата од кампусот на „Мајка Тереза“ ќе добијат нов дом во паркот „Рилиндија“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека покрај инфраструктурните инвестиции и развојните проекти во општината, локалната власт посветува посебно внимание и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Како
Go toTop