Египетски медиуми: Делегациите пристигнаа во Каиро за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа

March 3, 2024
1 min read

КАИРО (АА) – Египетските медиуми денес објавија дека страните кои учествуваат во преговорите за воспоставување прекин на огнот во Појасот Газа пристигнале во Каиро за да продолжат со новата рунда преговори, пренесува Анадолу.

„Делегациите на Хамас, Катар и Соединетите Американски Држави (САД) пристигнаа во Каиро за да продолжат со новата рунда преговори за прекин на огнот во Појасот Газа“, објави египетскиот сервис „Каиро њуз“ без да наведе повеќе детали.

Вчера, висок египетски извор откри за истиот канал дека во тек се интензивни напори да се постигне договор пред муслиманскиот свет месец Рамазан, кој започнува на почетокот на март.

Има значителен напредок во преговорите и се бара праведен договор, наведува истиот извор.

На 24 февруари египетските медиуми објавија дека разговорите на експертско ниво се продолжени во Доха, напоменувајќи дека ќе следат состаноци во Каиро.

Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека бројот на загинати во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа се зголемил за 90 достигнувајќи вкупно 30.410.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Психијатарки се тепале во битолската болница

Следно

Турскиот министер Фидан: Се прават сериозни напори за прекин на огнот во Појасот Газа пред Рамазан

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop