Ефитмов: Оставката на Дамева е политички фолклор и маневар

December 3, 2024
1 min read

Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е политички фолклор, бидејќи на истекување на неколку дена од нејзиниот мандат е всушност политички маневар, вели државниот секретар во Министерството за правда, Дејанчо Ефтимов, кој денеска одговараше на новинарско прашање како ја коментира оставката на Дамева пред да почне и третата стручна дебата за во штипскиот Апелациски суд за Предлог законско решение за изменување и дополнување на Законот за Судски совет.

-Во однос на ова можам само да констатирам дека потегот, којшто го направи е добар во насока дека конечно се одважија да истите бидат пример. Сите оние коишто се инволвирани и во највисоките судски инстанци и во правосудниот систем ќе сносат одговорност доколку не постапуваат согласно позитивните законски прописи, односно ако истата постапуваше со темпото, динамиката којашто сакаше да ја воспостави врз основа на заклучок од колегиум да го продолжи мандатот истата ќе навлезеше во прекршување на позитивните законски прописи, конкретно на Кривичниот законик од член 353, со тоа што истата ќе правеше кривично дело и истата ќе имаше индивидуална одговорност, вели Ефтимов.

Посочи дека допрва следува воспоставување на правда во државата и сите кои се носители на највисоките инстанци во правосудниот систем треба да знаат дека ќе имаат индивидуална и кривична одговорност за секоја нивна лична постапка, којашто ќе ја преземат.

Прашан за обвинувањата на Дамева дека извршната власт се меша во работата на судската власт, Ефитомов со одговор дека на сите им е јасно и тоа не само на оние кои се во извршната власт, туку и на сите релевантни домашни и меѓународни организација, како и на експертите дека не функционира судската власт, а конкретно Судскиот совет.

-Во однос на изјавите коишто повеќе ги имаше политички, отколку стручни како претседател на Судскиот совет повеќе се држеше на политички тези во однос на тоа дека достигнувањата во нејзиниот мандат на Судскиот совет биле на незавидно ниво, сите знаеме дека имаме нефункционален Судски совет којшто работи под капата на одредени поголеми структури, коишто имаат влијание врз нив, не станува збор за никаков притисок, туку за барање на правда и отчетност и воспоставување на владеење на правото во правосудството и Република Македонија, изјави Ефтимов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во третиот квартал 2 155 купопродажби на станови во вредност од 128 милиони евра, закупите со пад од пет отсто

Следно

Лимани: Пред секои избори се зголемува бројот на корисници на „туѓа нега“, имало и злоупотреби

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop