Еден загинат и 30 повредени во железничката несреќа во Холандија

April 4, 2023
1 min read

Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.

Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Пожарот сега е изгаснат.

Во возот патувале околу 50 луѓе.

Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Првично беше соопштено дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени во железничка несреќа во Холандија

Следно

Младите македонски фудбалерки ја пречекуваат Грузија

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop