Еден азербејџански војник е убиен во пукотница од ерменските сили

May 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Еден азербејџански војник загина, а друг беше повреден во два одвоени инциденти што се случија кога ерменските сили отворија оган во регионот Басаркечар, соопштено е денес, пренесува Анадолу.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека воениот службеник на азербејџанската Армија, Новрузализаде Орхан Елхан, бил убиен поради намерна провокација извршена од единиците на Ерменските вооружени сили.

„Дивизиите на Вооружените сили на Азербејџан преземаат решителни одмазднички мерки“, се вели во соопштението и се додава дека оперативната ситуација во регионот е под нивна контрола.

Претходно, Министерството соопшти дека еден азербејџански војник бил повреден доцна синоќа при интензивен оган од ерменските позиции во подрачјето на Зод во областа Басаркечар.

„Ранетиот војник веднаш е префрлен во воено-медицинска установа. Ерменската страна уште еднаш го прекрши примирјето и покрај предупредувањата да престане со нејзините провокации и да не ја ескалира намерно ситуацијата“, се вели во соопштението.

Се додава дека азербејџанските единици ги презеле неопходните одмазднички мерки во зоната на провокации.

Подоцна беше соопштено дека Ерменија распоредува дополнителен персонал и борбена опрема во близина на Зод.

„Со ова спротивната страна се обидува да создаде основа за следната провокација. Уште еднаш наведуваме дека ерменското воено-политичко раководство ја сноси целата одговорност за тензиите во регионот“, се вели во соопштението.

Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година кога ерменската војска го окупира Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Поголемиот дел од територијата беше ослободен од страна на Баку во војната есента 2020 година, што заврши по мировниот договор со посредство на Русија, кој ја отвори вратата за нормализација на ситуацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган најави зголемување на платите на државните службеници

Следно

Борел: „ЕУ треба да влијае на Кина да ја користи глобалната моќ одговорно“

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop