Дурмиши на средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава

January 26, 2026
1 min read

Министерот за економија и труд на Република Македонија Бесар Дурмиши оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, на која беа разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

На средбата беше ставен посебен фокус на зголемување на трговската размена, поттикнување на швајцарските директни инвестиции, како и продлабочување на соработката во областа на одржливиот економски развој и креирањето работни места.

Министерот истакна дека, и покрај добрите политички и дипломатски односи меѓу двете земји, постои значителен неискористен потенцијал за поинтензивна економска соработка, особено во производството, индустријата, иновациите и зелената економија. Во тој контекст, беше нагласена важноста од промоција на поволната бизнис-клима во Македонија и можностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони.

Соговорниците се осврнаа и на значајната улога на Швајцарија како еден од најголемите билатерални донатори на земјата, преку поддршка на реформските процеси, демократското управување, заштитата на животната средина, енергетиката, водоснабдувањето и економскиот развој. Беше потенцирана и успешната реализација на швајцарските развојни програми, вклучително и оние насочени кон зголемување на вработливоста, поддршка на малите и средни претпријатија и органското земјоделско производство.

На средбата беа разгледани и можностите за организирање заеднички бизнис-форуми, воспоставување посилна институционална и стопанска поврзаност, како и дополнителна промоција на македонските извозни производи и туристички потенцијали на швајцарскиот пазар.

Двете страни ја потврдија заедничката заложба за понатамошно јакнење на економските односи и продлабочување на партнерството меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По освојувањето на пазарите во САД и Панама, македонскиот „дигитален трговец“ се враќа дома

Следно

Снежна бура во САД – бројот на жртви расте, прогласена вонредна состојба во 20 држави

Latest from Blog

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop