Државјаните на Северна Македонија, Хрватска и Црна Гора без виза ќе можат да престојуваат во Кина до 30 дена

November 23, 2024
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Кина објави дека ќе вклучи уште девет држави во својата програма за еднострано изземање од визи, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, преку соопштение истакна дека од визната либерализација ќе имаат корист државјаните на Северна Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Латвија и Јапонија.

Според оваа одлука, државјаните на овие земји ќе можат да патуваат во Кина без виза во периодот од 30 ноември 2024 до 31 декември 2025 година.

Ослободувањето од визите ќе важи за деловни, туристички и семејни посети, како и за транзитни патувања.

Портпаролот Лин наведе дека периодот на патување од 15 дена во програмата за изземање од визи е зголемен на 30 дена.

Администрацијата во Пекинг има за цел да го зголеми бројот на странски патувања во Кина преку склучување безвизни аранжмани за ослободување од визи со различни земји во последните месеци.

Бројот на земји вклучени во програмата за ослободување од визи по најновата одлука достигна 38.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Македонски автобус се излизга на автопатот во Србија, нема повредени

Следно

Сообраќајот во западниот дел од државата по влажни коловози

Latest from Blog

МЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!

Фото: Интер Мајами Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени

ВЛЕН: Таравари да одговори каде исчезнаа милионите за водоснабдувањето во Гостивар

 ВЛЕН упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. Од ВЛЕН посочуваат дека Таравари

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите
Go toTop