Дрон падна на аеродром во Русија и експлодира

April 11, 2023
1 min read

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година, односно од првиот ден на руската инвазија на Украина, како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија

Беспилотно летало од непознато потекло се урна во реонот на аеродромот во Белгород, потврди за руската државна новинска агенција РИА Новости претставник на итната помош.

„Дрон се урна попладнево, оштетена е оградата на аеродромот“,

рече тој.

Според првичните информации нема повредени, а околностите на инцидентот се уште се истражуваат.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година, односно од првиот ден на руската инвазија на Украина, како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија. Украина постојано го гранатираше регионот на Белгород, а во целиот регион има високо ниво на терористичка закана.

„Дрон од типот на авион кој носеше неидентификувана експлозивна направа падна во близина на оградата на аеродромот Шухов и експлодира. Нема жртви. Аеродромот во моментов е затворен. Експлозијата ја оштети оградата и сигналниот кабел“,

објави украинската новинска агенција Укринформ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Кисела Вода со проект за реконструкција на салата „Расадник“

Следно

Британската влада ќе им помогне на милион пушачи да се префрлат на е-цигари

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop