Драгоцено: Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир

September 24, 2024
1 min read

Претставници на Националниот конзерваторски центар – Скопје, денеска на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ му ги предадоа двата литиски крстови од драгоцената манастирска збирка старини, кои беа реставрирани од стручен тим на Националната установа. Уникатните реликвии, создадени од легендарните бигорски зографи Михаил и неговиот син Даниил јеромонах, му беа предадени на игуменот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј.

– Посебно значајно за нас е тоа што меѓу нив беа и конзерваторите советници Јехона Спахиу Јанчевска и Невенка Величковска, кои вложија огромни напори и извонредно стручна посветеност во нивната конзервација и реставрација и лично ги донесоа крстовите. Тие беа топло пречекани од страна на нашиот Старец и игумен епископ Антаниски г. Партениј, кој им изрази голема благодарност за нивната стручна и макотрпна работа, љубов и посветеност кон зачувувањето на ова свето наследство. Тој исто така го изрази своето задоволство поради мошне стручниот и научен пристап кон целиот процес, вели отец Кирил.

Во изјава за МИА, отец Кирил појасни дека станува збор за Процесиски крст – Распетие/Богојавление2 и Процесиски крст – Распетие/Преображение.

– Двата процесиски крста се датирани во четириесеттите години на XIX век. Иконописот е на зографите Михаил и Даниил од Самарина, додека резбата се смета дека ја изработиле мијачките резбари. Конзерваторско-реставраторските зафати, се однесуваа на носачот, резбата, подлогата, боениот слој, позлатата, заштитниот слој и металните држачи. Скршените делови од резбата се вратија на своите места, а за враќање на одреден откршен дел од изрезбан ружин цвет се преземаа минимални реставраторски интервенции, нагласи отец Кирил.

Според него, двата процесиски крстови имаат стилска и хронолошка блискост и со други дела, особено со други два процесиски крста, исто така од Бигорскиот манастир, коишто се дело на зографите Михаил и Даниил од Самарина и на мијачките резбари.

-Двата литиски крста ќе бидат составен дел од богатата манастирска ризница со милениумска историја. Интересно е да се напомене дека крстовите, по Божја промисла, му се враќаат на Бигорскиот манастир во пресрет на празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден, посочува отец Кирил.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов случај на западно-нилска треска во Македонија

Следно

Резервирајте го претстојниот викенд за култура и забава, Јадро ве кани на Маалскиот фестивал

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop