Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

February 8, 2026
3 mins read

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со руски служби. Откако не беше избран за министер за внатрешни работи во пржинската влада во 2020 година, тој ја извршува функцијата пратеник. Во рамки на внатрепартиските промени, стана генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде на оваа позиција кога треба да се случи лидерската транзиција за 4 години.

Кој е Драган Ковачки, кој беше избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Централниот комитет, добивајќи посебна тежина и специфично значење со оглед дека партискиот лидер Христијан Мицкоски одлучи во овој трет и последен мандат на чело на партијата да нема потпретседатели?

„ Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа“, напиша Ковачки по изборот.

Веднаш стигна реакција од најголемата опозициска партија – СДСМ, од каде Ковачки го нарекоа „човек на Сашо Мијалков од службите“, кој, според социјалдемократите, бил задолжен за контакти со руските служби. Како што тврдат од опозициската партија, НАТО го одбил за сертификат токму поради контакти со руските служби.

„Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж“, велат од партијата предводена од Венко Филипче во врска со изборот на Ковачки за прв оперативец на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, ова не е прва реакција на СДСМ кон Ковачки. Покрај останатото, пред неколку години од Бихаќка го ословија како„единствен воен дезертер на политичката сцена“, кој, според партијата, бил полковник во АРМ и заминал за да му „слугува на Мицкоски како пратеник“.

„Јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и кривична пријава за фалсификување исправа. Кривичната против Ковачки е поднесена до Судот во Делчево од страна на СВР Делчево, неговиот роден град. Иако станува збор за дело направено пред неколку години, тоа многу говори за матрицата и кредибилитетот на Ковачки“, соопштија тогаш од СДСМ.

Според неговата официјална биографија, Ковачки се образувал на Кралски колеџ за одбранбени студии во Лондон, Обединето Кралство. Во делот на професионалната кариера, навел дека од 1999 до 2021 година бил офицер во АРМ, додека од 2021 година ја извршува функцијата пратеник во 2 мандати.

–Јас сум поранешен припадник на поранешната специјална единица Волци, унапреден сум за одбраната на татковината. Втора работа е што сум прв учесник во мисијата во Ирак под знамето на коалицијата, заедно со САД, каде ја претставувавме државата. Понатаму, сум школуван на највисоката школа во Британија, на Кралскиот колеџ за одбрана во дел на меуѓнародни односи, нешто што е престижно и таму не испраќаат било кого, доколку сте некаков шпиун итн. – рече Ковачки на Сител.

Во однос на обвинувањата за шпиунажа, тој посочи дека бил припадник на македонското воено разузнавање, дека го водел секторот одговорен за разузнавање на Балкан, дека бил и началник за контраразузнавање на воената служба за безбедност, а едно време и ја водел оваа служба. Како што истакна, тоа го правел за потребите на Македонија и македонските служби. Патем, се осврна и на наводите дека останал без НАТО сертификат, при што го покажа националниот сертификат.

–Јас го носам домашниот, односно националниот безбедносен сертификат – државна тајна, кој е издаден во време на СДСМ и ДУИ, не во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, ова е највисокиот степен што постои во државата, а поседувам и највисок НАТО сертификат, учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание, каде ја предводам македонската делегација – рече Ковачки.

За потсетување, пошироката јавност дозна за Ковачки кога ВМРО-ДПМНЕ го предложи за министер за внатрешни работи во техничката пржинска влада за спроведување на парламентарните избори во 2020 година. Арно ама, отпадна од игра и технички министер стана Наќе Чулев, од причина што армиски офицер не може да биде шеф на полицијата, односно регулативата налага дека министер може да биде само цивилно лице.

Веднаш после овие избори, по кои повторно влада формираше СДСМ заедно со ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ остана во опозиција, Ковачки ја заврши армиската кариера и стана републички пратеник. Впрочем, иако се споменуваше како можен министер пред да се формира актуелната влада по изборите во 2024 година, тоа не се случи и тој остана во пратеничките клупи.

Ако во неколку наврати, условно кажано, ја губеше трката за висока државна функција, на крајот успеа да „победи“ во натпреварот за прв оперативец во ВМРО-ДПМНЕ во време кога партијата е во зенитот на политичката моќ, иако, како што пишуваше „Фокус“, првично како фаворит за оваа функција важеше директорот на владината служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски, кој на крајот стана организациски секретар.

Во секој случај, смената на довчерашниот партиски генсек Ѓорѓи Сајкоски беше очекувана поради неговата лимитирана проактивност, така што неговиот наследник Ковачки ќе биде на оваа влијателна партиска функција за време на следните парламентарни избори, но и во време кога ќе се одвива лидерска промена и транзиција во ВМРО-ДПМНЕ за 4 години.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

Следно

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што

Шокантно откритие: Советник на министер влијаел на обвиненија, тврди обвинителката Кадриу

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да
Go toTop