Донаторска конференција на ЕУ за Туркије и Сирија на 20 март

March 10, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Донаторската конференција на Европската Унија (ЕУ) за поддршка на Туркије и Сирија наместо на 16 март ќе се одржи на 20 март, објави денес Европската комисија, пренесува Анадолу.

Домаќини на донаторската конференција ќе бидат Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, и Улф Кристерсон, премиер на Шведска, земја која моментално претседава со Советот на ЕУ.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека ЕУ и нејзините земји членки имаат намера да дадат значителна поддршка за понатамошна помош, закрепнување и обнова во Туркије и Сирија.

ЕУ досега има издвоено 12 милиони евра (12,7 милиони долари) хуманитарна помош за итните потреби на населението во Туркије и уште 10 милиони евра за Сирија.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во Туркије во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари. Најмалку 5.840 луѓе загинаа во соседна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фестивалот „Литера“ распишува конкурс за илустрација за деца

Следно

КИЕВ СЕ ПРОСТИ СО ЕДЕН ОД НАЈМЛАДИТЕ ВОЕНИ ХЕРОИ 27-годишниот „Да Винчи“ беше испратен од илјадници луѓе(ВИДЕО)

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop