„Дојдете да видите дали се работи 60 часа на сонце“, „Сакаме и ние покачување од 78 отсто“ – првомајски протест пред Владата

May 1, 2023
3 mins read

Дел од учесниците на протестот зборуваа и за зголемување на работната недела за работниците што ќе бидат ангажирани за коридорите 8 и 10-д при што порачаа дека нема да дозволат враќање во 19 век. Им порачаа на учесниците наместо да се сликаат со шлемови и елеци, да излезат да видат дали може да се работи 60 часа на сонце

Барања за достоинствени плати и услови за работниците во услови на зголемена инфлација во земјава, но и пораки против зголемената работна недела, беа испратени на протестот пред Владата во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Неминовно, се спомена и зголемувањето на платите на функционерите за 78 отсто кое дојде по одлуката на Уставниот суд за укинување на одредба од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.

„Да живее 1 мај, да живее македонскиот работник иако овие зад нас не сакаат да не испочитуваат. Не може македонскиот работник со 2 000 денари покачување на плата да го издржи месецот, а некој со 78 отсто да си го тера месецот лежерно и убаво. Затоа оттука порачувам, ние како работници не се откажуваме. Како за нив така за нас, нека ги намалат они платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и тие пари колку се потребни. Може да пазарат по маркети и продавници и да не лажат како цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Затоа го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе да се сплоти и да им кажеме „не“ на тие што не мислат на нас, што си гледаат само за себе“,

рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Тој порача дека работниците нема да застанат тука и на средбите со надлежните институции јасно ќе кажат зошто бараат колективни договори, к-15 за сите, но и 78 проценти зголемување на платите.

И потпретседателот на ССМ и претседател на Синдикатот УПОЗ, Трпе Дејановски, се осврна на покачувањето на платите на функционерите велејќи со него тие добиле зголемување за 2 000 денари дневно, а работникот добива 2 000 денари покачување на месечната плата.

„2 500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 000 денари, па кој може да преживее, кој ги прима тие плати во Македонија? Мораме да се изедначиме. Не можеме да прифатиме друго освен истата пресметка на плата како што си ја земаат они сами. Го изиграа цел правен систем со одлука на Уставен суд, покачија плати во најголемата инфлација што ја погодила нашата држава од осамостојувањето. Не можеме да преживееме за еден месец, а они се правдаат и ја правдаат одлуката на Уставен суд дека за нив можело ама за нас не можело. Мораме како работници да бидеме обединети, единствени. Верувајте се плашат од нас. Секој ден треба да излегуваме на протести за да го добиеме нашето“,

рече Дејановски.

Денешниот протест, рече тој, мора да биде само почеток на една голема синдикална пролет. Мора да има обединетост за да се изборат работниците за правата бидејќи сите ја напуштаат државата.

„Мора да биде ова почеток на една голема синдикална пролет, мора да бидеме обединети бидејќи нема да има кој да ги лекува и брани, кој да ги школува нашите деца, нема да има кој да пишува закони и решенија. Сите ја напуштија оваа наша напатена Македонија, заминаа да градат туѓи економии. Ќе ни воведуваат и увезуваат работници од странство, а што ни фали нас? Секаде македонскиот работник е ценет како најквалитетниот работник, само ние на нив не им чиниме. Е па не може веќе“,

рече потпретседателот на ССМ и претседател на Синдикатот на УПОЗ.

На протестот кој се случува во период кога се предложени законски измени за зголемување на досегашната 40-часовна работна недела за работниците што ќе бидат ангажирани за проекти од национален и стратешки интерес како што е изградбата на коридорите 8 и 10-д, дел од говорниците на протестот се осврнаа и на оваа тема. По владините членови ги повикаа да дојдат и да видат дали може да се работи 60 часа на сонце.

„Дојдовме јасно и гласно да ви кажеме дека нема да работиме 60-часа неделно, не ми се сликајте со шлемови и елечиња, еве ви ги, дојдете со нас во први редови заедно ќе работиме. Дојдете да видите дека не се издржува на ова сонце да се работи, како вие што мислите од вашите удобни фотелји. Како не ви е срам и арам лебот што го носите дома од потта на овој работник сега што ви ги праќа тие пораки?“,

рече еден од говорниците на протестот.

Уште еден од учесниците порача дека зголемувањето на работната недела е враќање во 19 век и тие како синдикати нема да го дозволат тоа.

„Нека разберат сите овие претставници дека нема да дозволиме преку грбот на македонскиот работник во наредниот период целата младина да ни оди во странство. Верувајте дека денешниот 1 мај е почеток за наредниот период, не се свесни каков работнички синдикален пекол ги очекува наредниот период. Заедно овде сме помоќни“,

рече еден од учесниците.

Покрај ССМ, одделен протест по повод 1 Мај денеска одржа и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Двата протести се одржаа во различни термини, започнаа пред седиштата на синдикатите, а завршија пред Владата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

6 лица меѓу кои и малолетник уапсени во Скопје за дрога

Следно

Украина: Нашите трупи извршија противнапад во делови на Бахмут

Latest from Blog

Реал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X) Реал Мадрид најверојатно ќе го претрка европскиот шампион ПСЖ во трката за потписот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), објави „Фут Меркато“. „Кралевите“ наводно

Трамп се врати на бината и ги исмеа новинарите: Да не бев јас, ќе немаше за што да известувате (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на одложената вечера на Здружението на дописници од Белата куќа упати остри критики кон медиумите, но дел од говорот го искористи и за шеги и помирувачки пораки. Церемонијата,

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со забрзана динамика

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а фокусот во моментов е ставен на најкомплексниот дел од трасата. Интензивно се градат галериите, кои се оценети како најдобро решение

Љатифи: Со интерконекцијата кон Албанија ја зајакнуваме енергетската сигурност на државата

Интерконекцијата со Албанија станува реалност, порача директорот на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, по денешниот увид во градежните работи на стратешкиот проект за поврзување на енергетските системи на двете земји. Заедно со тимот

Македонија далеку под европскиот просек – еве колку годишно се троши за енергија

Според најновата анализа на Visual Capitalist, изработена врз основа на податоци од Меѓународната агенција за енергија (IEA), Македонија се наоѓа во долниот дел од листата на земји според годишните трошоци за енергија
Go toTop