Димитар Данев е нов „бисер“ на Работнички, веќе го следат и странски клубови

May 27, 2023
1 min read

Младинската школа на Работнички е позната по продуктивноста на создавање на млади талентирани фудбалери, а последен во низата е Димитар Данев, момчето кое пред неколку дена наполни 17 години и веќе сериозно се наметнува и за место во сениорскиот тим на „романтичарите“, пишува спорскиот портал Екипа.

Станува збор за фудбалер за врска кој на 16-годишна возраст блескаше во младинското првенство на Македонија, иако настапуваше и со две години повозрасни играчи од него. За неговите квалитети најдобро говори настапот на Данев во финалето на младинскиот Куп на Македонија, каде токму овој фудбалер беше човек на одлука, постигнувајќи два гола во победата од 3-1 над составот на Шкендија.

За квалитетите на тинејџерот на Работнички сериозен интерес веќе пристигнува и од неколку клубови од странство, па така германските клубови од Германија, и тоа од првата и од втората лига веќе во неколку наврати ги следеле неговите настапи. Сериозен интерес пристигнува и од еден познат хрватски клуб, кој е задоволен од фудбалскиот развој на Данев и не ја исклучува можноста за негов трансфер во иднина.

17-Годишниот Данев веќе има зад своето име и десет настапи за младинските категории на Македонија. Најдобра опција за овој млад и талентиран играч е да остане и да продолжи да се развива соодветно во дресот на Работнички, но во секој случај радува фактот дека „романтичарите“ создаваат уште еден фудбалски бисер кој во иднина би можел да има и успешна меѓународна кариера.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Руското распоредување нуклеарно оружје во Белорусија исклучително негативно

Следно

Ковачевски најави дека ќе го покани Мицкоски на средба

Latest from Blog

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop