Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување

May 7, 2023
2 mins read

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за истражувачко дебатната емисија Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 52,6 проценти сметаат дека мажите и жените во државава се рaмноправни, односно имаат еднакви права за професионален напредок, иако не е мал и процентот на граѓани кои се убедени во спротивното, а 32,4 проценти се на ставот дека мажите и жените не се рамноправни.

Според половата структура, 59,8 отсто мажи се на ставот дека мажите и жените се еднакви додека 26,5 проценти сметаат дека не се. Кај жените, 45,6 проценти сметаат дека се рамноправни и имаат исти можности за напредок додека 38,1 отсто сметаат дека не се. Од вкупно анкетираните, 50,7 проценти сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2 проценти се убедени дека нема полова дискриминација при вработување.

Таков став делат 42,7 проценти од анкетираните мажи додека мнозинството или 48 отсто мажи се на ставот дека сепак има полова дискриминација при вработувањата. исто така, 53,3 проценти од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9 проценти кои сметаат дека тоа не се случува.

Имено, 53,7 проценти Македонци сметаат дека постои полова дискриминација при вработување наспроти 33 отсто кои сметаат дека тоа не се случува. Кај Албанците ситуацијата е обратна. Таму мнозинството или  54,1 процент од етничките Албанци се на ставот дека нема полова дискриминација при вработување додека 37 проценти се убедени во спротивното.

Мнозинството граѓани или 47,4 посто се на ставот дека мажите и жените во земјава на исти работни места земаат иста платам 25,6 отсто сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1 проценти се на став дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа. Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8 посто од сите анкетирани мажи и 45,2 отсто од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2 проценти мажи и 30,9 посто жени. 4,4 отсто мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9 проценти жени.

За 48,9 проценти од анкетираните мажи и жени се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2 отсто сметаат дека не се.  Истражувањето покажува дека 56,8 проценти од сите анкетирани мажи и 41,1 посто од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7 отсто мажи и 40,6 проценти жени сметаат дека тоа не е случај, а56,2 проценти од анкетираните сметаат дека жените се почести жртви на мобинг.

-Само 6,9 проценти од граѓаните се убедени дека мажите почесто се жртви на мобинг. И мажите и жените немаат многу дилеми околу ова прашање, односно 49,1 отсто од анкетираните мажи и 63 проценти од жените сметаат дека жената е таа која почесто е жртва на мобинг. За мажот како почеста жртва на мобинг се определиле само 4,8 проценти жени и 9,1 проценти мажи, стои во информацијата што ја споделува „Детектор“.

Секој петти граѓанин познава жена која била отпуштена поради бременост, односно 19,9 проценти од анкетираните велат дека познаваат случај во кој жена била отпуштена од работа поради тоа што била бремена, додека 72 отсто од анкетираните немаат информации за таков случај.

Според анкетата, помладите добиваат повеќе информации за вакви случаи па во возрасната категорија од 18 до 29 години во која се и поголемиот дел од младите мајки дури 31,2 проценти од анкетираните знаат за случај во кој жена била отпуштена од работа поради бременост, што е речиси секој трет анкетиран човек. Анкетата покажува и дека 52,6 проценти од испитаниците сметаат дека при развод доделувањето на старателството на мајката е во интерес на детето додека со тоа не се согласуваат 22,4 отсто од анкетираните. Во мнозинство со овој став се согласуваат и мажите и жените. Конкретно, 46,5 отсто мажи и 58,5 посто жени сметаат дека доделувањето на старателството при развод каде најчесто се фаворизира мајката е фер и во интерес на детето додека со ова не се согласуваат 27,7 проценти мажи и 17,2 отсто жени.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу: Туркије го одби предлогот на САД да го испрати системот С-400

Следно

Алегри не брза да се радува на влегувањето на Јувентус во зоната на Лигата на шампионите

Latest from Blog

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд
Go toTop