Десетици загинати и повредени во воздушните напади на израелската војска врз Газа во текот на ноќта

December 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија спроведе серија бомбардирања во текот на ноќта низ Појасот Газа, во кои има десетици загинати Палестинци, јавува Анадолу.

Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските сили извршиле напад на станбената зграда на семејството Ал-Јазиги во населбата Шеик Радван во градот Газа, во кои има загинати, меѓу кои и жени и деца.

Израелски воздушен напад е извршен и врз дом во бегалскиот камп Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во кој има неколку загинати и повредени.

Во неколку области низ палестинската енклава беа спроведени интензивни израелски воздушни напади познати како „огнени појаси“.

Во огнените појаси се врши напад на одредена област со серија жестоки бомбардирања кои завршуваат со уништување на целата област.

Лекарите и раселените лица во болницата Дар ес Салам во Хан Јунис упатија повици за заштита од израелското жестоко бомбардирање околу болницата, додаде Вафа.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Најмалку 15.899 Палестинци се загинати, а над 42.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјални податоци, билансот на загинати во нападот на Хамас во Израел изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муцунски: Инфомакс не е медиум, туку веб страна, финансирана од државно акционерско друштво, каде монструозниот убиец Љупчо Палевски ширеше омраза и кон мојот татко

Следно

Средношколците од Македонија се на 61. место по математика, а на 71. по јазична писменост од 81 рангирана држава покажа ПИСА тестот

Latest from Blog

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на
Go toTop