Десетици еврејски доселеници повторно упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“

April 11, 2023
1 min read

АЛ КУДС (АА) – Десетици еврејски доселеници денес насилно влегле во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим) за време на еврејскиот празник Пасха, според очевидци, јавува Анадолу.

Очевидците наведуваат дека израелската полиција придружувала групи доселеници во дворот на „Ал Акса“ преку портата Муграби на западниот ѕид на џамијата.

Израелските полициски сили биле распоредени во дворот на џамијата пред рацијата, додека некои полицајци се искачиле на покривот на молитвената сала „Ал Кибли“.

Претходно израелската полиција спречи Палестинци помлади од 50 години да влезат во џамијата „Ал Акса“ за молитва, изјавија очевидци за Анадолу.

Десетици Палестинци клањале утринска молитва на улиците што водат до џамијата „Ал Акса“ откако биле спречени да влезат во комплексот.

Во понеделникот, Одделот за исламски донации во Ал Кудс соопшти дека 1.531 доселеник упаднале во џамијата „Ал Акса“ за време на еврејскиот празник Пасха, кој трае до 12 април.

Откако израелските сили упаднаа во „Ал Акса“ и ги избркаа верниците од комплексот на џамијата минатата недела, тензиите низ палестинската територија се зголемија. Израелските напади беа предизвикани од ракетни напади од Појасот Газа и Либан, на што Израелците одговорија со воздушни напади.

Палестинците ги обвинуваат Израелците дека систематски го јудаизираат Источен Ал Кудс (Источен Ерусалим), каде што се наоѓа „Ал Акса“, трето најважно свето место за муслиманите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Наместо дом на култура и нов пат – карабина и асфалт со дупки – регионален развој на македонски начин

Следно

Општина Кисела Вода со проект за реконструкција на салата „Расадник“

Latest from Blog

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop