Десет лица загинаа во напад на израелската војска врз објектите на спортскиот клуб Шуџаје во Газа

March 29, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку десет Палестинци загинаа во напад на израелската војска врз објектите на спортскиот клуб Шуџаје во градот Газа, пренесува Анадолу.

Како што објави палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили со беспилотни летала го бомбардирале спортскиот клуб Шуџаје во источниот дел на градот Газа.

Во нападот загинати се најмалку десет Палестинци, а 30 се повредени.

Во нападот што израелската војска го изврши во индустриската зона во источниот дел на градот Газа, убиени се петмина Палестинци, а 20 се повредени.

Во јужниот дел на Појасот Газа израелската војска со артилериски оган ги гаѓаше југозападните делови на градот Хан Јунис.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година загинаа 32.623 Палестинци, а 75.092 се повредени, соопшти Министерството за здравство во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајката на исчезнатото девојче направила нешто чудно, еве што откри вештачењето на нејзиниот мобилен телефон

Следно

Во Романија пронајдени делови од дрон

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop